Во самоубиствен напад врз автобус со припадници на иранската Револуционерна гарда, загинаа најмалку 20 лица, а уште толку се повредени, јавија ирански државни медиуми.

Нападот бил извршен во југоисточниот дел од земјата, во провинцијата Систан и Балучистан.

Во тој дел на Иран, кој е на важна рута за криумчарење на опиум, повремено доаѓа до судири на иранските сили со балучистански сепаратисти.

Се уште се чека независна потврда за нападот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 18:46