Вкупно 13 лица се загинати, седум на лице место, а шест подлегнале на повредите во болница во тешката сообраќајка што се случи на патот Скопје-Тетово кај Карпалак соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче.

Како што изјави Филипче кој и самиот веднаш се упатил на местото на несреќата, медицински екипи реагирале веднаш и им укажале помош на повредените.

-Во ГОБ 8 Септември се примени 25 пациенти од кои 22 се хоспитализирани , 4 се на интензивна нега , двајца се подготвуваат за хируршка интервенција. Во Ургентниот центар се примени пет пациенти , тројца со полесно повредени, меѓу кои и една бремена жена која ќе биде пуштена на домашно лекување, едно лице се подготвува за хирирушка интервенција, а едно е во тешка животно загрозувачка состојба, истакна Филипче од Градската општа болница 8 Септември.

Очевидците пак на страотната несреќа велат дека селаните први излегле да помогнат по превртувањето на автобусот, а кога дошле пожарникарите тие со багери им помогнале да го превртат автобусот за да можат што побрзо да ги извлечат луѓето, велат извори за Макпрес.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2019 21:22