Иран ќе се одмазди за самоубиствениот напад против Револуционерната гарда во кој загинаа најмалку 27 лица, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Бахрам Касеми.

– Самопожртвуваните војници и разузнавачките деца на народот на Иран ќе се одмаздат за крвта на мачениците на овој инцидент, рече Касеми.

Иранските државни медиуми јавија дека во самоубиствен напад врз автобус со припадници на иранската Револуционерна гарда загинале најмалку 27 лица, а уште толку се повредени.

Нападот бил извршен во југоисточниот дел од земјата, во провинцијата Систан и Балучистан.

Во тој дел на Иран, кој е на важна рута за шверц на опиум, повремено доаѓа до судири на иранските сили со балучистански сепаратисти.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/02/2019 09:24