Телото од почината жена што вчера околу 13 часот беше најдено и извадено од водите на Вардар кај мостот во Горно Лисиче е на 38-годишната Д.П. од Драчево, потврди МВР за МИА.

Телото вчера беше предадено на обдукција и врз него не се најдени траги на насилство.

По скопјанката Даниела П. се трагаше од понеделникот, 11 февруари, кога нејзиното исчезнување во полициската станица во Драчево го пријавил нејзиниот сопруг.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2019 13:20