Кинескиот клуб Далијан Јифан на својот официјален твитер-профил го објави трансферот на Марек Хамшик од Наполи.

Претходно беше објавено дека Далијан Јифан плати за трансферот на 31-годишниот словачки фудбалер 18 милиони евра со можност за уште два милиони за бонуси.

Хамшик беше дел од Наполи од 2007 година. За калчолигашот настапи на 520 натпревари, постигна 120 гола и оствари 111 асистенции.

Од 2013 година, беше капитен на тимот. Двапати го освои Купот на Италија.

Во тековната сезона Хамшик одигра 19 натпревари, постигна еден гол и забележа една асистенција.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2019 13:22