Добитник на наградата „Автомобил на годината“ за 2019 на македонскиот пазар е „форд фокус“.

Во трката за наградата автомобил на годината беа пет возила и тоа „киа цид“, „цитроен Ц5 еркрос“, „опел грандленд Х“, „форд фокус“ и „волво ХЦ40“.

Победничкото возило „форд фокус“ доби 69 бодови од жирито, пред „цитроен Ц5 еркрос“ со 67 и „киа цид“ модел што доби 66 бода. Признанието СУВ на годината го доби моделот „цитроен Ц5 еркрос“.

Изборот на автомобил на годината се организира по 24 пат, а при избор на победникот се оценуваат адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн и комфор и опременост.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2019 16:28