ЈП „Комунална хигиена“ од денеска до 23-ти овој месец ќе спроведе машинско миење со автоцистерни на булеварите и поголемите улици во Скопје.

Миењето, како што информираат од ЈП „Комунална хигиена“, ќе се одвива во утринските часови и ќе ја опфати територијата на сите скопски општини.

Акцијата е со цел подобрување на нивото на хигиената и чистотата на јавните градски површини, а ќе се реализира благодарение на најавените поволни временски услови.

Според Програмата за работа, ЈП „Комунална хигиена“- Скопје стандардно спроведува машинско миење со автоцистерни само во периодот од април до октомври.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2019 18:01