Во пожарот што избувна вчера попладне во овоштарник во месноста Новини во атарот на село Богородица изгореле камп приколка, 150 метри пластично црево за систем „капка по капка", пумпа за наводнување, а опожарени биле и околу 10 хектари стебла дуњи и круши.

Пожарот бил локализиран и изгаснат по интервенцијата на Територијалната единица за противпожарна заштита од Гевгелија.

Командирот на ТППЕ Гевгелија,Раде Котевски, соопшти дека деновиве интервенирале на уште неколку пожари на отворено во близина на конзервната индутрија „Вори" во предградието на Гевгелија и во полето во кои пожарникарите гаснеле опожарена сува трева и растенија.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2019 16:30