Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран на јапонскиот остров Хокаидо, соопшти Американскиот геолошки институт.
Земјотресот бил на длабочина од 41 километар, со епицентар на 55 километри југоисточно од градот Сапоро.
Се уште нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Јапонската метеоролошка служба соопшти дека нема опасност од појава на цунами.
Во септември минатата година Хокаидо беше погоден од силен земјотрес од 6,6 степени според Рихтер, при што загинаа 40 лица.