Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска денеска во Сојузот на стопански комори на Македонија ќе учествува на „Македонско-италијански бизнис форум 2019“, каде ќе има обраќање на тема „Можности за странските инвеститори во земјата“.

На Форумот ќе се обратат и претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и претседателот на Италијанско-македонска стопанска комора, Енрико Петрела.

Најавено е учество на стопанственици од Италија од повеќе сектори: земјоделство, храна и производство на вино, градежништво, трговија, медицински услуги, туризам и обновливи извори на енергија.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 09:28