Модната блогерка од Лос Анџелес, Џејми Аликс постојано ги збунува обожавателите на Аријана Гранде, коишто првпат ќе ја видат на Инстаграм.

Имено, ретко кој не би ја видел сличноста во изгледот меѓу двете познати девојки.

– Мислам дека тајно објавуваш фотографии од Аријана за да нѐ измамиш”, „Колку често во јавноста луѓето Ве помешуваат со Аријана? Вие како да сте нејзина близначка” – се само дел од коментарите на Инстаграм и Твитер профилите на модната блогерка.

А пак, таа умешно го користи сето тоа за да ја зголеми својата популарност и интернет влијание.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2019 17:13