Претседателот на Судан, Омал ал Башир ја расупшти Владата и прогласи вонредна состојба во траење од една година, во време кога ширум земјата се одржуваат антивладини протести, во кои досега загинаа десетици лица.

– Нашата земја минува низ тешка и сложена фаза во нашата национална историја. Ние од неа ќе излеземе посилни, поединствени и порешителни, изјави синоќа Башир во телевизиско обраќање до нацијата.

Вонредната состојба ќе им овзоможи на безбедносните сили одвразни раце во задушувањето на протестите и апсењето на противниците на властите.

Демонстрациите во Судан започнаа на 19 декември, како резултат на незадоволството од растот на цените и недостигот на храна, но подоцна прераснаа во протести против претседателот Башар.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2019 11:16