Во текот на изминатата година во Авганистан настрадаа рекорден број цивили поради поинтензивните воени удари кои ги изведуваа меѓународните сили предводени од САД, како и поради зголемениот број самоубиствени напади, се наведува во најновиот извештај на ОН.

Во Авганистан лани загинале 3.804 цивили, вклучувајќи и 927 деца, што е најголем годишен баланс во двете категории.

Во извештајот на ОН се потенцира дека бројот на настрадани цивили во 2018 година е зголемен за 11 отсто во однос на годината претходно.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2019 12:39