ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска спроведува акција за чистење на пешачката и велосипедската патека на насипот на реката Вардар, во Општина Ѓорче Петров.
– ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје со дваесет работници на терен и со сета потребна механизација денеска ќе го исчисти непрописно одложениот отпад на оваа локација наменета за спорт и рекреација, а од граѓаните очекуваме да ја сочуваат и да ја одржат чиста, бидејќи тоа е за општо добро.“- изјави помошник-директорот на Претпријатието, Кемал Муслиу.
Никола Лазаревски, претставник од Секторот за урбанизам при Општината Ѓорче Петров, нагласи дека природата им припаѓа на сите, посочувајќи дека должност на сите граѓани е преку правилно складирање на отпадот да се заштити животната средина.