Температурата во западниот дел на Велика Британија, во Травсгод во Велс, денеска достигна 20,3 степени Целзиусови, што е нов рекорд за месец февруари, соопшти британската метеоролшка агенција.

Претходниот рекорд во земјата за истиот период изнесувал 19,7 степени Целзиусови.

Ова е првпат во Велика Британија да е регистрирана температура над 20 степени во текот на зимските месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2019 16:49