Разговорите меѓу Велика Британија и ЕУ за промените во договорот за Брегзит минатата недела напредуваа, но се уште има уште многу работа, изјави денеска портпаролот на британската премиерка Тереза Меј.
Тој додаде дека гласањето во Парламентот за договорот би можело технички да се случи пред или на 12 март.
Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин денеска рече дека лабуристите ќе поддржат нов референдум за ЕУ, откако членови на Парламентот го отфрлија неговиот алтернативен план за Брегзит, пренесува Би-Би-Си.
Корбин исто така рече дека ќе продолжи и со „други достапни опции“ , вклучувајќи и општи избори.