Една од најголемите енергетски компании во Европа, француската „Енжи“ лани остварила чист профит од 1,033 милијарди евра, што претставува раст за 21,7 отсто во споредба со 2017 година.
Вкупните приходи на француксиот гигант минатата година се зголемиле за 1,7 проценти на годишно ниво, на 60,6 милијарди евра.
Извори од компанијата посочуваат дека ланските приходи на „Енжи“ ќе биле уште поголеми доколку не биле негативните последици од намалувањето на вредноста на бразилскиот реал и американскиот долар во однос на еврото.
„Енжи“ поседува осум компании во Франција и преку свои подружници е присутна во 11 региони ширум светот и во дестици држави, меѓу кои и во Белгија, Бразил, Велика Британија, Германија, Италија, Кина, Полска, САД, Турција и Шпанија.
Таа се занимва со производство и дистрибуција на електрична енергија и со транспорт на природен гас.
Компанијата предвидува во 2019 година да оствари чист профит од 2,5 до 2,7 милјарди евра.