Сириските демократски сили (СДФ) соопштија деја настојуваат да утврдат дали десетиците тела пронајдени во една масовна гробница на територијата преземена од Исламската држава (ИД), се на припадници на верско-етничката заедница Јазиди, кои биле заробени од џихадистите.

Гробницата била пронајдена во областа во блзина на сириската граница со Ирак.

На мета на џихадистите во Сирија и Ирак, покрај христијаните, Курдите, умерените муслимани и сите малцински заедници, се најдоа и Јазидите.

Илјадници Јазиди, кои зборуваат курдски јазик, побегнаа од своите домови, откако џихадистите од групата Исламска држава го нападнаа и го окупираа нивниот град Синџар



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2019 18:58