Поранешниот свршеник на Лејди Гага, Тејлор Кини се извини поради „допаѓањето“ на коментар на Инстаграм на нејзина сметка.

Се работи за коментар од следач на Кини, дека е одлично тоа што „навреме се ослободил од Лејди Гага“, чие вистинско име е Стефани Германота. Актерот не возврати со коментар, туку само стисна „допаѓање“.

– Жалам за „лајкот“. Случајно беше тоа. Горд сум и среќен за Стефи, напиша потоа актерот.

Лејди Гага беше верена со Кини од 2015 до 2016 година, а прекинот го оправдаа со многуте работни обврски.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2019 19:41