"Bodyart" претставува нова метода на вежбање која го освои светот во последните години, а воедно ни покажа дека одржувањето на сопственото тело може да биде забавна дисциплина која не одзема многу време. Еден тренинг трае само 20 минути, а заменува и до 3 часа поминати во теретана, што во голема мера го олеснува начинот на вежбање и секако заштедува време.

За начинот, предностите и ефектите кои овој тип на вежбање ги нуди разговаравме со Маргарета Мојсовска која ни ги откри сите детали поврзани со "Bodyart".

На самиот почеток да објасниме, што претставува ЕМС вежбањето?

Маргарета : ЕМС – електрична мускулна стимулација, е контрахирање (вежбање) на мускулот со помош на ниско фрекфентен импулс.

Како изгледа една тренинг сесија со овој тип на вежбање?

Маргарета : Откако точно и прецизно ќе се постави елекот и електродите со помош на кои вежбате, вие се приклучувате и го започнувате вашиот тренинг кој трае од 20 до 30 минути. Во овој временски интервал се вежбаат сите мускулни групи со по неколку повторувања, па од овие причини се препорачува овој тип на тренинг да се одвива од еднаш до два пати во неделата.

За кого е препорачливо ова вежбање? Дали може да го вежбаат лица кои не се физички активни?

Маргарета: Овој тип на вежбање е препорачлив за секој оној кој нема посериозни заболувања, оној кој би сакал да заштеди време а истовремено сака да биде фит.

“BodyArt”е прекрасен начин на вежбање за сите оние кои се плашат од повреди за време на конвенционални тренинзи и оние кои се физички активни и сакаат сопствената кондиција да ја постават на друго ниво . На машината има програми кои одговараат на секој тип на клиенти, од физички воопшто неспремни па се до професионални спортисти. Убавината е во тоа што за секој клиент се изготвува посебна програма прилагодена за неговите потреби.

Зошто го препорачувате вежбањето со ЕМС?

Маргарета: Со ЕМС вежбањето вие активирате мускули кои не сте знаеле дека постојат.Ваков тип на контрахирање на мускулот не може да се постигне на ниту еден друг начин.Притоа, заштедата на времето, сигурните резултати како и не постоење од можност за повреди би ги издвоила како фактори кои го прават вежбањето со ЕМС атрактивно и ефикасност. Има ред други бенефити од овој тип на вежбање како што се забавуање на процесот на стареење, чистење целулит, исправено движење и држење на телото само по неколку тренинзи, како и забрзување на метаболизмот. И можеби најбитното, тренингот трае само 20 минути, а постигнува ефект како да сте вежбале 2 часа во теретана. Сепак, во денешно време кога секој некаде брза, времетраењето на тренинзите се огромна предност.

Кога би можеле да се очекуваат првите резултати?

Маргарета Во зависност од целта која сме си ја поставиле така и времето на резултат се зголемува или намалува. Само по првиот тренинг се чуствува дека ова вежбање “работи”. Истиот ден по завршување на тренингот вие сте полни со енергија, но како што одминува времето мускулите ќе ги чуствуате напнати, по еден односно два дена, може да чуствувте тензија односно воспалување (додека трае воспалувањето мускулот треба да се одмори и да зазадрави) само по неколку тренинзи грбот ќе го чуствувате поцврст и движењето на телото поисправено, првите резултати односно губење на тежина, се разбира со одреден режим на исхрана се видливи по 10от тренинг односно за месец и половина.

Дали е безбеден овој тип на вежбање?

Маргарета: Во Bodyart сите тренери се лиценцирани за вежбање со ЕМС. Лиценцата ја издава производителот на оваа машина по завршување на низа обуки. Се работи за реномиран производител чиј производ неколку години наназад добива престижни награди за сигурност и квалитет како и иновативност. Јас на ова само би додала: простор за грижи нема, кај нас вие сте во сигурни раце.

Што би им препорачала на оние кои се двоумат за започнување на овој тип на вежбање?

Маргарета Да закажат информативно- пробен тренинг на кој ќе можат да се информираат за машината, за вежбањето и за начинот на исхрана.

Првиот тренинг е комплетно бесплатен за секој кој што е заинтересиран за овој тип на вежбање и има желба да ја проба оваа метода на вежбање. Потоа да размислат по два три дена и да почнат да вежбаат зошто никогаш досега вежбањето не било поедноставно и со загарантирани резултати.

Автор: Бојан Галевски



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2019 10:52