ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и невладината организација за екологија „Фор селект“, денеска потпишаа Меморандум за спроведување проекти за заштита на животната средина во населените места на кањонот Матка и течението на реката Треска, информираат од претпријатието.

Во рамки на предвидените активности, претпријатието ќе обезбеди садови за примарна селекција на отпадот, ќе врши собирање и транспорт на отпадот, како и расчистување на дивите депонии во овој реон, а преку својата Еко-патрола ќе ги едуцира и информира граѓаните за правилното одлагање на отпадот.

– Ја поздравувам иницијативата на организацијата „Фор селект“ за заштита на споменикот на природата „Кањон Матка“, со целокупната зелена зона на околните села на кањонот и течението на реката Треска. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје со сите свои ресурси ќе учествува во овој проект, со цел да ја унапредиме заштитата на животната средина и да го промовираме правилното постапување со отпадот во реонот на оваа значајна туристичка атракција, изјави помошник-директорот на претпријатието, Бранко Николовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2019 14:59