Сечата на Водно продолжува. Граѓанските организации алармираат дека без дозвола, ниту најава продолжило уништувањето на шумата, овој пат на потегот бел камен – бункери. Реагираат дека се случило она од што најмногу стравувувале и предупредувале:

Штетата е направена но процедурата не е запазена според законските прописи, според нивни сознанија на местото немало надлежни кои би извршиле увид на тоа што и како се сече вели Tатјана Стојановска а пренесува Телевизија Алфа.

Од Град Скопје засега нема одговор кој и зошто дозволи сечата да продолжи. Од граганската иницијатива Го Сакам Водно поднеле 13 барања за трајно решавање и заштита на парк-шумата, но веќе три месеци никој не ги удиостоил со одговор.

Трасата низ сртот на Водно се пробива за изградба на гасоводната мрежа. Овој проект се турка и покрај апелите и реакциите дека со неа уништување на шумскиот фонд. Според надлежните, ова решение е најисплатливо и немало простор за негово менување.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2019 04:24