Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци, соопшти денеска МВР, поднесе кривична пријава против двајца 16-годишници од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „уцена“.
Во периодот од август 2018 до февруари 2019 пријавените, на нелегален начин одзеле фотографии од 13-годишно девојче.
После тоа, пријавените, со закана дека ќе објават компромитирачки фотографии го принудиле девојчето да им даде пари.