Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска ќе престојува во Виена, каде што ќе учествува на средба што ја организира Светската банка и Корејскиот национален фонд.

Како што соопштуваат од Министерството за финансии, Тевдовски ќе има обраќање на тема „Можности за обезбедување фискална одржливост“.

Најавено е обраќање и на Линда Ван Гелдер регионален директор на Светска банка за Западен Балкан, Џорџ Копиц виш научник во Меѓународниот центар за научници „Вудро Вилсон“ и член на Советот за јавни финансии на Португалија, како и Чунсун Ким раководител на сектор буџет во корејското Собрание.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2019 09:25