Меморандум за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари ќе биде потпишан денеска во Владата.

Потписници на меморандумот се министерствата за правда, внатрешни работи, информатичко општество и администрација, Државната комисија за спречување корупција, Јавното обвинителство, Специјалното јавно обвинителство, како и претседателите на судовите.

На настанот обраќања ќе имаат министерката за правда Рената Дескоска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Главен корисник на оваа алатка ќе биде ДКСК.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2019 09:49