Повеќе десетици мигранти, кои се наоѓале на дрвен брод кој се распукал, биле спасени од вооружени сили на Малта, во близина на италијанскиот остров Лампедуза.

Мигрантите, 87 од нив, требале да пристигнат на брегот на Малта во текот на денот.

Според ФРОНТЕКС, бројот на илегални мигранти, кои пристигнуваат во земјите членки на Европска Унија, трета година по ред бележи пад.

Сепак, илјадници луѓе сé уште бегаат од сиромаштија и конфликтите на Блискиот Исток и во Африка, и покрај ризиците од преминувањето на Медитеранот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2019 14:14