Турција никогаш нема да се откаже од договорот за купување на одбранбени ракетни системи С-400 од Русија, изјави синоќа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тој додаде дека по купувањето на С-400, Анкара би можела да размисли за купување на систем С-500.

САД претходно ја предупреди Турција дека купувањето на С-400 од Русија би можело да ги загрози договорите од областа на одбранбената индустрија помеѓу сојузниците на НАТО.

Ердоган додаде и дека САД не би требало да се обидуваат да ја дисциплинираат Турција со трговски мерки, нагласувајќи оти и Анкара подготвува сопствени мерки.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/03/2019 09:16