Нова студија откри тунели и други објекти од времето на граѓанската војна во САД под познатиот затвор Алкатраз во Сан Франциско, Калифорнија, јави Би-Би-Си.

Историчарите долго време се сомневаа дека озлогласениот федерален затвор бил изграден врз американски воени тврдини изградени во 1800-тите.

Студијата објавена минатата недела во „Near Surface Geophysics“ (Геофизика под површината) го опишува комплексот пронајден под затворскиот двор, во кој шетале едни од најголемите криминалци во американската историја.

Археолозите во истражувањето користеле радари и ласерско скенирање на земјата. При тоа пронајдени се цели структури, тврдини, магацини за минуцуја и тунели.

– Остатоците се веднаш под вашите нозе, многу блиску до површината, и се многу добро зачувани, изјави археологот од Универзитетот Бингхамнтон,Тимоти де Смит.

Охрабрени со новите докази, истражувачите на озлогласената „Карпа“ планираат да спроведат уште тестови.

Алкатраз се наоѓа на остров во Заливот Сан Франциско, и американската Влада го користела кога САД во 1840-тите ја освојувале Калифорнија од Мексико.

За време на граѓанската војна тврдината била користена како воен затвор.

Од 1930 до 1963 година Алкатраз функционирал како федерален затвор.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2019 12:33