Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола вчера извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло.

При контролата, соопшти денеска МВР, било констатирано дека девет возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, девет управувале без возачка дозвола, кај еден возач било утврдено присутво на алкохол.

Нерегистрирани биле 10 возила, на мобилен телефон разговарале 22 возачи. Исто така, при контролата откриени се и други 28 останати прекршоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2019 15:32