Пожарот кој попладнево во 15,10 минути избувна во овоштарник на влезот во велешкото село Мартолци со брза интервенција на Протовпожарната единица од Велес е изгаснат за два часа вечерва во 17,10 минути.
Како што информираа за МИА од ППЕ Велес пожарот бил на површина од околу два хектари, а освен дрвца од овоштарникот со оган било зафатено и сува трева и стрништа.
– Со едно возило и тројца пожарникари ние брзо интервениравме и успеавме да се избориме огнената стихија да се локализира и да не се прошири,велат од ППЕ Велес.