Авион на Туркиш Ерлајнс безбедно слетал на њујоршкиот аеродром после сериозни турбуленции во кои повеќе од 32 лица се повредени.
Авионот полетал од Истанбул до Њујорк, а турбуленциите почнале 45 минути пред слетувањето на аеродромот „Џон Кенеди“.
Десет повредени патници се префрлени во болница, а на останатите им е пружена помош на аеродромот.
На еден патник му била скршена ногата, а повеќето се здобиле со исеченци и модринки по телото.