Педесет и тригодишниот кавадарчанец Љ.С. пријавил во полиција дека пред Прочка, од нивата во месноста Корија, атар на кавадаречкото село Ресава, му украле педесет пресно садени ореови дрвца. Информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Дрвцата беа садени на 25 февруари, а украдени се во петокот навечер или во саботата. Нивата е веднаш до асфалтот. Штетата е голема. Само дрвцата чинат над четиристотини евра. Да не зборуваме за вложениот труд и нервозите. Загубата е уште поголема ако сега не најдам нови садници орев за да ги посадиме, ја губиме цела година, ако морам да чекам догодина, за МИА изјави Љ.С.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2019 14:31