Јагуар повреди жена во зоолошката градина во близина на Феникс во Аризона, откако ја пречекорила оградата за да направи селфи, се наведува во соопштение од зоолошката градина во кое се додава дека мачката поради тоа нема да биде успиена.

– Сакала да направи селфи или да го слика животното, па ја пружила раката кон кафезот, така што животното ја зграпчило, изјави портпаролот Рурал Метро Фире.

Зоолошката градина соопшти дека женката јагуар никогаш не го напуштила кафезот и дека инцидентот се истражува.

Портпаролката Кристи Морком, пак, рече дека сите кафези се опкружени со ограда, оддалечена од нив неколку метри.

– Треба да се прекачите преку неа. Не е тоа толку лесно. Тоа се диви животни, оградени со причина, истакна Морком.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2019 17:00