За двете најголеми грчки општини, Атина и Солун, во пресрет на локалните избори во мај, грчкиот весник „Етнос“ ги објавува тајните истражувања на јавното мислење нарачани од грчката Влада.

Според нив, и во двата грчки градови, во водство се кандидатите од опозициската Нова демократија, а веднаш зад нив кандидатите од владејачката СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

За општина Атина, Костас Бакојанис од Нова демократија води со 30,1 отсто, а Насос Илиопулос од СИРИЗА, според тајните анкети на грчката Влада има 20,8 проценти и веројатно главната битка ќе се води меѓу нив, во вториот круг од локалните избори.

Особено висок е бројот на неопределените – 13,2 отсто, но и на кандидатот на Златна зора, Илиас Касидиарис кој доби 10,9 проценти.

За градот Солун, кандидатот на Нова демократија, Никос Тахиаос, според истите анкети е во водство пред кандидатката на СИРИЗА, Катерина Нотопулу, но разликата е само 1,38 проценти. Всушност, Тахиаос има поддршка од 19,17 отсто од испитаниците, а Нотопулу од 17,79 проценти.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2019 15:07