Во близина на регионалниот пат Охрид– Свети Наум, кај место викано „Колиби 2“, вчера во 11.30 часот полициски службеници пронашле четири торби во кои имало 49 килограми марихуана, а во нивна близина бил затекнат A.Џ.(21) од Поградец, Република Албанија.

МВР денеска соопшти дека А.Џ. е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, Регионалниот центар за гранични работи Запад против него поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2019 16:10