Притвор од осум дена за сторени две кривични дела заработи едно лице кое вчера, еден час пред полноќ, играјќи столен фудбал го извадил пиштолот од појас за да не му падне и во истиот момент бил испукан куршум, при што ранил двајца гости во флиперница во село Вејце во Тетово.
Со куршумот било погодено едно лице во вратот, како и уште едно лице кое стоело зад него во пределот на градниот кош.
Како што соопштија од Обвинителството поведена е постапка против осомниченото лице поради сомнение дека сторил две кривични дела – „тешки дела против општата сигурност“ и „предизвикување општа опасност“.