Поранешниот англиски репрезентативец Дејвид Бекам бил многу возбуден пред да ја види својата статуа, која фудбалскиот клуб ЛА Галакси ја изработил во негова чест. Но откако ја видел, возбудата ја заменил со лутина.

ЛА галакси сакал да ја претстави скулптурата на раскошна свеченост во чест на Бекам, најдобриот фудбалер во историјата на тој клуб. Но Англичанецот не знаел дека клубот се здружил со познатиот комичар и водител Џејмс Корден за да се пошегуваат со него, па вистинската ја замениле со лажна, на која Бекам не е претставен во најдобро светло.

На Бекам не му се допаднало што на скулптурата е со три заба и големи брада и задник.

– Доаѓа сопругата. Среќа што не доаѓаат децата да го видат ова, бидејќи би плачеле. Не сакам да ве навредам, но ова беше голема работа за мене. Ова е навредливо, изјави бесниот Бекам, обидувајќи се да излезе од просторијата.

Во еден момент влегува Корден и на Бекам му стана јасно дека е шега во прашање.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/03/2019 17:42