САД преговараат со други земји за назначување држава заштитник на зградата на американската Амбасада во главниот град на Венецуела, откако е повлечен целиот персонал поради влошувањето на ситуацијата во земјата.
Ова го гоопшти американскиот специјален пратеник Елиот Абрамс, јавија американските медиуми.
Тој додал дека САД во наредните денови планираат против Венецуела да воведат „многу значајни” дополнителни санкции, меѓу кои и против финансиски институции.