Филмската ѕвезда Анџелина Џоли ќе се мажи за милијардер, објави списанието „Лајф енд Стајл“.

Магазинот тврди дека актерката не само што се гледа со засега непознат богаташ, туку и планира наскоро да се венча со него во Франција.

Според „Лајф енд Стајл“, свадбата ќе се одржи на истото место на кое Анџелина му кажа „да“ и на Бред Пит во 2014 година.

Но, извор близок до Џоли, тврди дека тоа се само гласини и дека глумицата „живее сама и среќна“.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2019 12:02