Пилотот на „Етиопиан ерлајнс“ имаше потешкотии со управувањето со авионот непосредно пред да се урне авионот Боинг 737 Макс 8 и побара да се врати во базата, изјави извршниот директор на авио-компанијата Теволде ГебреМариам.

– Пилотот доби одобрување за враќање, но набрзо исчезна од радарот, посочи ГабреМариам.

Во изјава за Си-Ен-Ен тој рече дека сите пилоти на „Етиопиан ерлајнс“ имале дополнителна обука за постапките за време на летот, која вклучувала и информации за процедурите воведени по падот на Боинг 737 Макс 8 на компанијата „Лајон Ер“.

ГабреМариам побара компанијата Боинг да ги приземји сите свои 737 Макс 8 авиони сè додека не се утврди дека се безбедни за лет.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2019 14:34