Косовската полиција објави денеска дека постапувајќи според меѓунаордна потерница издадена од Интерпол, синоќа во Приштина уапсила државјанин на Република Македонија.

Во редовниот 24-часовен полициски билтен, како што јави дописникот на МИА од Приштина, се наведува дека апсењето го извршила специјална полициска единица вчера околу 20:45 часот, а нема информации за идентитетот на уапсениот, ниту за делото за кое е распишана потерницата од Интерпол.

– Од страна на Единицата за избегани лица, „Фаст Косова“, во соработка со специјалната единица, врз основа на меѓународна потерница издадена од Интерпол, уапсен е бегалец од албанска националност, македонски државјанин, се вели во полициското соопштение.

По налог на надлежен обвинител, на уапсеното лице му е одредена мерка притвор, соопшти полицијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2019 16:12