Портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија Златко Андоновски на прес-конференција потврди дека имало труење на 11 деца од Академијата на Федерацијата, и дека веднаш е раскинат договорот со доставувачот на храна.

-Потврдуваме дека имаше труење со храна, 11 деца и 1 физиотерпеавт. Лабараториските испитувања потврдија дека има труење и веднаш раскинат е договорот со доставувачот на храна „Галакујна“. Децата имаа ручек и вечера во ресторанот на „Галакујна“ на денот кога беа затруени, и веднаш од ФФМ беа испратени на испитувања . Во првиот случај пред неколку месеци кога имаше симптоми, лабараториските испитувања покажаа дека нема труење“, изјави Андоновски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2019 16:35