Британската војвотка од Сасекс, Меган Маркл одбила да носи хулахопки од Ем енд Ес, оти биле „ѓубре“, изјави неименуван извор за „Сан“.

– Пред роденденот на принцот Чарлс (70) во градината на Бекингемската палата, Меган побара хулахопки и ја испрати помошничката да купи еден пар. Помошничката ѝ рече дека ќе отиде до Ем енд Ес дуќан, но Меган се побуни: „Нема да ме облечете ’во ѓубре’, сакам Волфорд”, раскажува изворот.

Инаку, хулахопките на Волфорд се до шестпати поскапи од оние на Ем енд Ес.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2019 16:58