-Полициската станица од општа надлежност од Дебар, поднесе кривична пријава против М.Б.(65) од дебарското село Џепиште. Пријавениот, извршил узурпација на две катарстарски парцели, првата во месноста „Манастирец", попозната како Три чешми покрај брегот на Дебарско Езеро во сопственост на манастирот „Св. Арахангел Гаврил", а втората во сопственост на Јавното претпријатие за стопанисување со патишта, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Според него, на узурпираните вкупно 608 метри квадратни, М.Б. си изградил викендица.

-Со извршување на казнените дела, пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 934.800 денари, МПЦ-ОА ја оштетил за 848.700 денари, а Јавното претпријатие во износ од 86.100 денари, додаде Димоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2019 15:45