Голем пожар беснее во селото Глишиќ, близу отпадот. Гори сува трева, а зафатени се и дел од лозје и дрвена бандера за струја.
Огнот со голема брзина се приближува и до други дрвца и тополи, а го гасне екипа на Противпожарната единица – Кавадарци. На самото место е и командирот, Александар Чадамов.
Се очекува на местото на пожарот да пристигнат и полицајци, како и инспектори за животна средина.