Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека на граничниот премин „Табановце“, во автобус со швајцарски регистарски ознаки што сообраќал на релација Гостивар – Берн, Швајцарија, биле пронајдени две пакувања од околу еден килограм хероин.

Пакувањата биле спакувани во кеса која, пак, била скриена под задните седишта на автобусот.

Според МВР, дрогата е одземена, а по извршеното вештачење е утврдено дека станува збор за хероин со тежина од 998,63 грама.

Во Полициската станица Куманово се приведени К.П.(41) и А.Б.(38), двајцата од село Долно Количани-Скопје, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2019 12:35