Иновативен пластичен уред што личи на женски гради, ќе им овозможи на јапонските татковци да ги надојат своите бебиња, објави Дејли меил.

Новиот продукт го нуди јапонската фирма „Дентсу“ е наречен – „Дојка, помошник за татковци“.

Освен што му дава млеко на бебето, уредот регистрира часови на доење и испраќа информации до смарфонот на таткото.

Уредот им помага на доенчињата и полесно да заспијат. Бебињата обично со рака ја допираат мајчината града и тоа ги заспива. Не истиот принцип е и новиот уред за доење изработен од мека и пријатна на допир материја.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2019 12:39