Дел од демонстрантите кои учествуваа на вечерашниот протест „1 од 5 милиони“ во Белград упаднаа во зградата на државната телевизија РТС.

Во зградата пристигнала и полицијата, а поединци ги удирале полициските службеници кои не реагирале.

Еден од демонстрантите ги повикал и останатите насобрани граѓани да влезат во зградата на јавниот сервис.

Во телевизијата влегол и лидерот и еден од основачите на опозицискот блок „Сојуз за Србија“, Драган Ѓилас.

Демонстрантите претходно гаѓале со јајца кон зградата на РТС, а потоа предводени од Бошко Обрадовиќ влегле во просториите на телевизијата. Тие барале да се вклучат во програмата во живо.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2019 11:01