Рускиот сон е европска ноќна мора: Москва, заедно со уште една мега сила, пристигнува на Балканот, дали Путин навистина ќе го добие она што го сака ?

Во сегашниот раздор на Русија и Западот, Русија има адут, извоз на природен гас, пишува во својата анализа Димитар Бечев за Форин Полиси. И покрај заладените односи, во 2018 година испораките на гас од Русија до Европа и Турција достигнаа врв од 201,8 милијарди кубни метри. Дури и додека ЕУ цврсто се држи до санкциите за Русија, многу од нејзините членови среќно продолжуваат со своите омилени енергетски проекти. Германија, на пример, продолжува да го поддржува гасоводот „Северен тек 2“ (Nord Stream 2), кој ќе донесе природен гас од Русија на северното германско крајбрежје.

Русија сега може да искористи уште еден голем проект, Турски тек, за да го продлабочи своето влијание во Европа. Гасоводот, кој поминува преку Црното Море меѓу Русија и Турција, беше отворен минатата година, а првата испорака на гас се очекува подоцна оваа година.

Комерцијален и геополитички успех

Турски тек е комерцијален и геополитички успех за Русите. Комерцијално, гасоводот помага да се зацврсти позицијата на Гаспром во Турција, која е втор по големина руски клиент по Германија. Од геополитичка гледна точка, гасоводот ја заобиколува Украина и го продлабочува стратешкото партнерство на Русија со Турција во време кога се нарушуваат врските на Анкара со долгогодишните сојузници од двете страни на Атлантикот.

Исто така, текот може да го зајакне влијанието на рускиот претседател Владимир Путин и на Балканот. Во втората фаза, ако Путин го добие она што го сака, гасоводот ќе пренесува 15,75 милијарди кубни метри гас преку Бугарија, а потоа во Србија, Унгарија и Австрија.

Руските дискутабилни методи за влијание врз ЕУ, како што се пропаганда, дезинформации и разузнавачки операции, се бледи во споредба со активностите на Русија во енергетскиот сектор, пишува Фореин Полиси. Иако Кремљ беше неуспешен во напорите да ги спречи земјите како Црна Гора и новоименуваната Северна Македонија да влезат во НАТО, способноста на Русија да ги придобие политичарите и деловните луѓе со големи договори за инфраструктура кои носат висока заработка и профит од јаглеводород е неспоредлива.

Антимонополски правила на ЕУ

Европа се бори против тоа. Со оглед на тоа Турски тек ќе заврши во ЕУ, Гаспром ќе мора да се усогласи со европските антимонополски правила. Овие правила, најчесто направени откако Русија го исклучи снабдувањето со гас на Украина во 2009 година, се насочени кон диверзификација на енергетските залихи за да се избегне зависноста од Русија. За Москва, посебен предизвик е правилото според кое енергетските компании не можат истовремено да поседуваат сопствена транзитна инфраструктура и да продаваат гас преку неа.

Да не е така, Гаспром може да изгради гасовод, а потоа да испорачува гас преку него. Затоа Путин бараше партнери за Гаспром на Балканот. За време на неговата посета на Србија во јануари, Путин склучи договор за заедничко вложување меѓу Гаспром и Србијагас за поставување на повеќе од 400 километри цевки.

Во март рускиот премиер Дмитриј Медведев замина за Бугарија да преговара за уште 482 километри. Таму, државната компанија Булгартрансгаз започна да гради и управува со Турскиот тек. Сепак, Булгартрансгаз треба да собере околу 1,6 милијарди долари за да се оствари тоа. Русија нема да им обезбеди пари, бидејќи тврдат дека Бугарија ќе има доволно профит од наплата на транспорт и продажба на гас. Иако бугарската Влада тврди дека наместо тоа може да добие дел од парите од Брисел, малку е веројатно дека тоа ќе се случи.

Унијата може да биде подготвена да и дозволи на Германија да ги прекрши антимонополските правила за Северен тек 2, но се чини дека е подготвена да биде многу поостра во спроведувањето на својот закон на Балканот. На пример, би можела да ја обврзе Србија да постигне договор со кој Гаспром ќе контролира 51 отсто од Турски тек. Иако Србија сé уште не е членка на ЕУ, таа е во преговори за пристапување. Веќе постојат предупредувања дека Турски тек планира да ги прекрши правилата на ЕУ, па затоа Србија би можела да ризикува забавување на разговорите за членство.

Бугарски адут

За да ги поправи работите, бугарскиот премиер Бојко Борисов рече дека Турски тек ќе биде само еден гасовод кој доаѓа во новата балканска гасоводна мрежа која, исто така, ќе се обезбедува со гас од Азербејџан и полињата во Црното Море. Според него, на тој начин балканската гасна мрежа всушност ќе помогне во диверзифицирањето на снабдувањето со енергија. Но, Медведев и генералниот директор на Гаспром, Алексеј Милер, ја отфрлија неговата идеја, бидејќи не сакаат Бугарија да биде во можност да се меша и да препродава гас преку платформа за тргување поддржана од страна на ЕУ. Затоа на Борисов ќе му биде тешко да очекува регулаторни исклучоци или финансиска помош од Европската комисија.

Србија и Унгарија треба да можат да и се приклучат на Бугарија со цел да извршат притисок врз Русија, што е полесно да се каже отколку да се направи. Борисов не беше склон да ризикува во односите со Москва, а Србија има посебен однос со Путин, сојузник во приоритетните прашања како што е Косово. Унгарскиот Виктор Орбан, исто така, сака да ги негува своите политички и економски врски со Русија. Се на се, Путин има многу можности за поделба и освојување, пишува Фореин Полиси.

Дали Бугарија, Србија и другите ќе се одржат ќе биде лакмусов тест за природата и длабочината на нивните врски со Русија. Засега тие веруваат дека можат да најдат начин да соработуваат со Русија, а да не се спротивстават на Европската комисија и правото на ЕУ. Тоа не е чудно со оглед на тоа што виделе како големи земји на ЕУ, како Германија, исто така, ја играат истата игра. Но, за разлика од Германија, тие немаат моќ да ги прилагодуваат правилата во Брисел или да направат политички компромиси.

Понатаму, Русија не е расположена да им понуди привилегии на земјите од Источна Европа кои ги гледа како подредени. Финансискиот и политичкиот ризик ќе биде на земјите како што се Бугарија и Унгарија. И ако тие не играат добро, ќе потрошат оскудни ресурси на големи потфати со сомнителна профитабилност за сите освен за Русија, пишува Фореин Полиси.

17 март 2019 Нет.хр Коментар на Форин Полиси



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2019 11:20