Тајм Аут Индекс во соработка со компанијата „Тејпстру Рисрч“ спроведе истражување за најдобар град за живеење врз основа на одговорите на 34.000 анонимни жители од целиот свет, на кои им се поставени прашања за задоволството за живот во нивните градови, вклучувајќи ја цената и квалитетот на храната, пијалакот, културниот и ноќниот живот, соседството и чувството на задоволство и среќа.

Во истражувањето била вклучена и глобална мрежа на уредници и туристички експерти, а се оценувале, исто така, и пристапноста, убавината и организацијата на живот.

Лисабон, Португалија – Португалскиот главен град има добра храна и убаво време, а неговите жители се насмеани, отворени и пријателски ориентирани.

Буенос Аирес, Аргентина – Ноќниот живот во овој град е најдобар на светот, што му овозможува да се најде меѓу првите дваесет на оваа листа.

Барселона, Шпанија – Богатството од културна и гастрономска понуда на овој преубав град е она што го издвојува од останатите градови во светот.

Филаделфија, САД – Можеби овој град не е најпопуларен меѓу туристите, но неговата гастрономска понуда спаѓа меѓу најдобрите во светот.

Манчестер, Велика Британија – Градот во северниот дел на Англија доби висока оценка благодарејќи на одличниот ноќен живот и исклучителната пица, иако неговите жители пијат алкохол повеќе отколку жителите на другите градови. Поради тоа ја имаат титулата за „најмамурливи“ жители на светот.

Мексико Сити, Мексико – Иако не е најбезбедно место на светот, жителите на Мексико Сити високо го оценуваат својот град поради кулинарската и културната сцена.

Лас Вегас, САД – Овој град не е популарен само поради лудите момчешки ноќи и брзите свадби, туку и поради познатите стриптиз клубови, кои го прават еден од најзабавните на светот.

Кејп Таун, Јужна Африка – За повеќето е синоним за сафари, но за жителите на тој град е многу повеќе од тоа бидејќи има да понуди добар избор на храна и динамичен живот.

Мадрид, Шпанија – Шпанската престолнина е светски лидер кога се во прашање клубовите, баровите и пиење добро пиво. Неговите жители спаѓаат меѓу најрелаксираните луѓе на светот.

Токио, Јапонија – Многумина го сметаат за најубав град во Азија и повеќето луѓе ширум светот би сакале да го посетат во 2019 година.

Париз, Франција – Според истражувањето, жителите на Париз имаат повеќе секс од кој било друг гард и најмногу посетуваат музеи и галерии.

Глазгов, Шкотска – Тој е можеби мал и дождлив град, но неговите жители затоа и го сакаат многу. Му даваат висока оценка поради љубезноста на неговите жители, поради музиката, добрите ноќни клубови и одличната храна.

Берлин, Германија – Импресивни 84 отсто од жителите на Берлин сметаат дека градската сцена е неверојатна, а висока оценка добил и за инклузивност, креативност и прифатливост.

Монтреал, Канада – Разновидноста, динамичноста и креативноста е она што е најдобро во Монтреал, а тој воедно е и град со второ најкратко работно време во светот.

Лондон, Велика Британија – Само шест отсто од граѓаните на Лондон изјавиле дека се чувствуваат небезбедно, а речиси 80 проценти одговориле дека се среќни. Тие нагласиле дека тоа е еден од најдинамичните, најразновидните и најкреативните градови на светот.

Чикаго, САД – Градот на Средниот запад се наиде на оваа листа благодарејќи на одличната понуда на храна и пијалаци, а повеќето негови жители се сметаат за многу среќни бидејќи живеат во него.

Мелбурн, Австралија – Има повеќе простори за жива музика по жител од каде било на друго место. Музичката сцена во Мелбурн е повеќе од успешна: дури 25 отсто од жителите редовно одат на музички концерти. Тие се воедно и втори најсреќни луѓе на светот, а градот е втора најкреативна метропола на светот.

Њујорк, САД – Севкупен победник е Њујорк. Тој е светски град број еден за култура, втор по квалитет на храна и трет по квалитет на пијалаци. Неговите жители спаѓаат меѓу најсреќните на светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2019 12:21